Изберете ја фризурата што најдобро му прилега на вашиот облик на лицето: Еве како!

Стручни совети

Внимателно погледнете го обликот на вашето лице во огледало и констатирајте кој од овие 4 облици најмногу се совпаѓа со вашиот. Пронаоѓањето на фризура што убаво ќе му прилега на вашето лице е клучот за да изгледате помладо и посвежо, а воедно и ќе ги прикрие вашите недостатоци

Овално лице

Жените што имаат правилни пропорции на лицето можат да експериментираат со фризурата бидејќи им стои буквално се’. На јајцевидниот облик на лице, прекрасно му прилегаат крената асиметрична фризура и пуштена „слободна“ коса.

Ако и вие имате овално лице, совршено ќе ви прилега убаво исправена коса со преса, исчешлана на средишен патец. Едноставна и сјајна, исправена коса не му прилега на секого, но изгледа одлично на жените со овално лице.

Каква фризура најдобро ви прилега?

Коцкесто лице

Девојките што имаат поголеми коски на лицето треба да носат фризура која ќе направи лицето да им изгледа потесно. Нема да згрешите доколку се одлучите за фризура со крупни кадрици и голем волумен, бидејќи таа ќе направи лицето да ви изгледа потесно. Воедно, кадриците ги ублажуваат острите црти на лицето. Стилистите, на жените со ваков облик на лицето, им препорачуваат да носат коса до рамениците која успешно ја прикрива широката вилица.

Каква фризура најдобро ви прилега

Срцевидно лице

На девојките кои имаат тесно лице и поистакната брада, им прилега разбушавена коса, потстрижена до врат. Големиот број ситни кадрици со средна должина, ќе прилегаат одлично на срцевидниот облик на лице и ќе направат тоа да изгледа позатегнато. Исто така, нема да погрешите ако направите рамни шишки, симетрично распоредени на челото, бидејќи тие ги ублажуваат цртите и визуелно ја намалуваат должината на лицето.

Каква фризура најдобро ви прилега?

Тркалезно лице

За да му дадете симетрија на вашето лице, направете остар патец налево и благо накадрени праменчиња. Странично потстрижени шишки во емо стил, прилегаат убаво на тркалезно лице, бидејќи ја „разбиваат“ симетријата и ги истакнуваат коските на лицето. Ако имате ваков облик на лице, одлично ќе ви прилега и високо поткрената вечерна фризура, затоа што висината не го истакнува кружниот облик на лицето, туку напротив прави тоа да изгледа покоцкесто.

Каква фризура најдобро ви прилега?

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.