И Мадона „падна“ на новиот тренд со бакарна боја на коса: На каков тен му одговара и која шминка може да се носи?

Тренд

Мадона ја бојадиса својата руса коса во бакарна боја која е една од најголемите трендови за есен 2022 година.

Откако Синди Свини, Кендал Џенар и многу други познати жени го износија трендот на бакарна боја, сега се придружи и кралицата на попот – Мадона.

Таа на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии на кои можеме да ја видиме новата жешка боја на коса.

Мадона бакарната боја моментално ја носи стилизирана во изразито долги, рамни прамени и со многу темен израсток на коренот на косата и во комбинација со уште еден тренд за убавина од модните писти – бојадисани веѓи.

Сигурни сме дека Мадона и многу други ќе ве инспирираат на испробување на оваа боја со кафени, портокалови или црвени тонови и подтонови.

Иако не е сигурно кој всушност го почна овој тренд на бакарна боја, сепак многубројни ѕвезди се одлучија да го испробаат, а според експертите, причината за популарноста на оваа нијанса оваа есен се крие во нејзината разновидност, како и фактот да одговара со секој тен.

Како да ја одберете вистинската нијанса според тенот на кожата?

Во зависност од боите и подтоновите, бакарната нијанса може да варира од темноцрвени до светли, strawberry blonde нијанси.

Светлата нијанса најдобро му прилега на бледиот и многу светол тен на кожа, бидејќи содржи и ладни и топли тонови, додека на дамите со ладни подтонови најубаво ќе им стои мешавина од темни и светли бакарни нијанси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Жолтите подтонови во тенот најдобро ќе се согласуваат со златно-бакарна нијанса, која ќе го нагласи сјајот на нивната топла боја на тенот.

Шминка што најдобро ќе оди на бакарната нијанса на коса

Неколку бои одлично се согласуваат со бакарната нијанса на коса, покрај кафената, темноцрвената и темновиолетовата, коралната и розовата, но како и кај одбирањето нијанса на коса, и овде треба внимателно да се одбере нијансата што одлично ќе се совпадне со косата и тонот на кожата.

 

Секако, најдобро е да се почне со неутрални тонови и да не се испробува со нијанси на усните и образите кои ќе имаат голем контраст со бакарната боја на коса. Кафената и другите земјени нијанси се одличен избор во есенските и зимските месеци, посебно нивните темни варијанти, додека виолетовите, темноцрвените и темновиолетовите нијанси се собар избор во текот на целата година.

Што се однесува до сенката за очи, со бакарната боја на коса прекрасно ќе оди кафената, бронзената и зелената нијанса, како и сенката со ефект на металик.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.