Холивудски фризер открил: Оваа фризура е во тренд и совршено стои на секој облик на лице

Хит-фризура!

Дури и да не сте ги следеле фризерските трендови, оваа година би можеле да им дадете шанса

Фризерот на славните личност Лери Кинг тврди дека  моментално најпопуларната фризура стои буквално на сите облици на лице.

Станува збор за класичен боб кој уште пред неколку години се качи на тронот и не планира да се симне од него во блиска иднина.

„Ако мене ме прашувате, бобот секогаш е во мода и независен е од трендовите, па затоа еднакво добро изгледа и на 3-годишно девојче и на 103-годишна баба. Покрај тоа, ова е одличен избор за сите типови коса и му ласка на секој облик на лице“, открил фризерот.

Тој споделил и неколку совети со коишто ќе можете да ги искористите сите предности на оваа фризура.

Ако имате густа коса, задолжително побарајте од фризерот да ви ги изретчи врвовите за да не изгледате како печурка.

Играјте си со разните начини на стилизирање на боб-фризурата: залижете ја, навиткајте ја, разбушавете ја… Ако сакате да изгледате елегантно, направете малку подолг боб, отприлика до рамена, додека бобот до образите ќе ви даде доза на француски шик.

„Ако веќе имате боб-фризура, а сакате промена, направете кркми. Тоа е најлесниот начин целосно да ја трансформирате вашата фризура, но и изглед.“

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време