Хали Бери го променила имиџот: Кога се сликала одзади, го открила овој детаљ!

Смело!

ФОТО: Profimedia

Холивудската актерка на премиерата на новиот филм ја прошетала новата фризура

Хали Бери (52) со години негува пикси фризура, која одвреме-навреме ја освежувала со прамени, избричени делови и асиметрии. Но сега се одлучила за поголема промена.

Имено, холивудската актерка на премиерата на својот нов филм „John Wick: Chapter 3 – Parabellum“ го покажала новиот детаљ на фризурата.

ФОТО: Profimedia

Со оглед на тоа што храбриот детаљ се наоѓал близу до вратот, бил забележан дури откако се свртела назад.

Подоцна се појавила фотографија на Инстаграм на која се гледа креативниот детаљ во целост, а станува збор за дело на фризерот на актерката Охре Килпатрик.

Моќниот рокерски-гранџ фазон бил проследен и со кожена модна комбинација што се состоела од провокативно сако и кратки панталончиња.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време