Голем тренд за 2019 година: Како да ја носите вашата нова омилена нијанса на коса?

Незаменливата бургунди боја!

Ви даваме неколку предлози како да ја комбинирате оваа модерна боја на коса во повеќе стилови

Ако некогаш сте се запрашале зошто буквално секоја позната личност експериментала со бургунди бојата на коса во некој момент од својот живот, тоа е така затоа што виолетовите нијанси имаат чудна способност да му ласкаат на секој тон на кожа.

По правило, студените тонови најдобро изгледаат со потопла бургунди боја, а топлите тонови подобро изгледаат со постудени тонови на бургунди нијанси.

Но ако се’ уште малку ве плаши идејата да ја бојосате целата коса во поинаква нијанса, не грижете се: можете да го прифатите бругунди-трендот со неколку стручно направени прамени или слични нијанси.

Ви даваме неколку предлози како да ја комбинирате оваа модерна боја на коса во повеќе стилови.

Суптилно бургунди омбре

https://www.instagram.com/p/BIb1G2pgGsB/?utm_source=ig_embed

Ако не сакате да одите во крајност, следете го примерот на Пријанка Чопра и направете многу благо омбре кое ќе се прелива во бордо, само кога ќе се најде на светлина.

Бургунди прамени

https://www.instagram.com/p/BE7klKhABiJ/?utm_source=ig_embed

Направете храбар избор со повибрантни бои, како што го сторила тоа Кери Вашингтон. Доколку имате кадрава или брановидна коса, прамените нека ви бидат подебели за да се забележат.

Бојосајте ја цела коса

https://www.instagram.com/p/BgzV1jMDu2Z/?utm_source=ig_embed

Доколку се одлучите на овој потег, кажете му на фризерот да ви направи третман за сјај на косата за да ви изгледа свежо и здраво.

Бургунди прелив

Ако сакате да ја пробате оваа боја само моментално, одлучете се за колор шампон или прелив во оваа нијанса.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.