Фризури со кои ќе заблескате овој декември
Кога станува збор за косата, во наредниот период нè очекуваат некои нови, интересни трендови. Фризерката Мишел Кливленд открива неколку начини како да добиете совршена фризура.
Бакарни прамени
View this post on Instagram
Усогласете ја косата со бојата на лисјата и испробајте елегантни бакарни тонови кои одговараат на секој тен на кожата.
Црно-црвена комбинација
View this post on Instagram
Оваа двобојна комбинација ќе му даде мистичен допир на вашиот есенски стил. Црвената боја постепено преминува во црна давајќи ѝ нова димензија на целата фризура. Едно е сигурно – оваа фризура нема да помине незабележано.
Врамено лице
Ова е лесен начин да експериментирате со боите без да претерате. Можете да ги истакнете прамените со елегантна боб фризура или да ги скриете со врзување на косата во коњско опавче.
View this post on Instagram
Остри агли
Консултирајте се со вашиот фризер за тоа што ѝ одговара на формата на вашето лице. Без разлика дали косата е права или природно виткана, истакнете ја со остри линии.
View this post on Instagram
Романтични нијанси
Некаде помеѓу бакарната и црвената боја, се наоѓа нежната и женствена нијанса на розово злато. Оваа нијанса се вклопува во есенската средина, а во исто време е и попривлечна од стандардните кафеави и црвени бои.
View this post on Instagram
Брановиден боб
Ако имате виткана коса, сега е вистинското време да блеснете. Боб фризурата се враќа во мода без оглед на видот на косата. Без разлика дали косата е целосно исправена или извртена, оваа фризура ќе биде добар избор. Ако сакате спирални кадрици, направете ги со помош на фигаро, а потоа лесно протресете ги за да изгледаат природно. Ако вашата коса е природно виткана, спијте со плетенки за да имате убави бранови следното утро.
View this post on Instagram