Фризура за вистински дами: Елегантна и едноставна, готова за точно 5 минути! (ВИДЕО)

Се прави брзо и лесно!

Може да ја носите во секојдневни прилики, на работа или на прошетка, но и на разни свечености

Кога ќе ви се смачи од секојдневното фенирање или стилизирање на косата, решете го проблемот на најелегантниот начин: соберете ја косата во прекрасна фризура!

Ако помисливте дека немате време за тоа, грешите. Ова е едноставна, брза и софистицирана фризура што сигурно ќе ве воодушеви.

Дополнителна предност е тоа што може да ја носите и во секојдневни прилики, на работа или на прошетка, но и на разни свечености.

Се прави буквално за 5 минути и тоа на следниов начин:

Исчешлајте ја косата наназад и одвојте два прамена од врвот, па врзете ги во јазол. Не грижете се, косата не може навистина да се заврзе во јазол, само држете ги прамените цврсто додека ја плетете косата.

Потоа, во двата прамена додајте уште малку коса, како кога плетете рибина коска, па повторно врзете ја во јазол. Направете четири јазли или онолку колку што треба за да стигнете до вратот, па врзете ги со ластиче. Извлечете ги малку прамените со прсти за да изгледаат јазлите погусти.

Следниот потег е опционен. Ако ви се допаѓа така, оставете го опавчето да ви паѓа на грбот (може и да го навиткате со фигаро). Ако, пак, сакате да ја подигнете целата коса, исплете јазли и од опавчето, врзете ги со ластиче на крајот, повлечете го последниот јазол пред опавчето и прицврстете ја косата со шнолички.

Во видеото погледнете подетално како се прави оваа прекрасна, дамска фризура!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.