Фризура што жените треба да ја одбегнуваат по 50-тата година: Може да направи да изгледате неуредно и постаро одошто сте!

Добро е да знаете

Многу фризери се согласуваат околу фризурите што жените повозрасни од 50 години не би требало да ги носат, бидејќи прават да изгледаат постаро

Постои фризура што по влегувањето во шестата деценија може само да направи да изгледате постаро.

Станува збор за долгата коса, која е синоним за младите девојки. Факт е дека кај луѓето – и кај жените и кај мажите – косата старее. Притоа, тешко е да се одржи во уредна состојба, без да го открие стареењето на целиот организам.

Освен тоа, косата може да нè „проголта“ и да направи да изгледаме многу постаро. Квалитетот на влакното се менува со текот на годините, како и густината на косата, а со самото тоа, станува многу потешко да се негува.

На постарата коса ѝ недостасува влага, таа е склона на кршење и опаѓање. А бојосувањето може само да придонесе за побрзо оштетување. Со текот на годините, женското тело почнува да произведува помалку естроген, хормон што е одговорен за животниот циклус на клетките на кожата и косата.

Но не се само дамите осудени на пропаѓање на косата. И мажите го имаат истиот проблем.

Вистината е дека на жените во позрела доба не им стои убаво долга коса, бидејќи тогаш таа е обично ретка и сува и изгледа навистина лошо.

Позната фризерка открива која фризура е идеална за жени во 50-тите: Ги брише годините и го враќа младешкиот сјај
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.