Фризерите пресудија: Овие 3 бои на коса ќе ја обележат 2021 година!

Во тренд

Лесно се одржуваат и изгледаат шик

2021 година носи интересни трендови кога станува збор за бојосувањето на косата. Еве кои 3 особено ќе се издвојат…

1. Бакарна нијанса

Серијата The Queen‘s Gambit донесе нов тренд кога станува збор за косата. Сите се вљубија во нијансата на коса на славната актерка. Фризерите велат дека бакарната боја ќе биде омилена во текот на 2021 година и дека ќе ја гледаме насекаде. Оваа боја особено добро им стои на жените со светол тен.

2. Храбра црна боја

Црната коса повторно е актуелна. Изгледа одмерено, елегантно и одлично се вклопува со сите типови кожа.

3. Впечатливи прамени

Модните трендови од 1990-те се вратија на големата врата, а истото важи и кога станува збор за стилизирањето на косата. Сѐ повеќе жени одлучуваат да ги бојосаат само прамените околу лицето, додека остатокот од косата е во потемна нијанса. Фризерите велат дека овој тренд ќе го доживее врвот во текот на 2021.

5 фризури за кратка коса: Изгледаат феноменално, а се прават за помалку од 10 минути! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.