Фризерите ја откриле идеалната нијанса: Оваа боја на коса на сите добро им стои!

Откриена е идеалната формула

Не можете да погрешите со оваа боја!

Поминаа деновите кога едноставните нијанси беа во тренд. Оваа сезона вистински хит е да имате комбинација од неколку нијанси во косата. Фризерите ја пронашле совршената формула која одлично им стои речиси на сите.

Без разлика дали имате кафеави, сини или зелени очи, топол или ладен поттон на кожата, оваа боја на коса совршено ќе ви стои. Нијансата со интересно име „пиво од ѓумбир“ е таа што може кој било да ја носи.

Освен што има интересно име, оваа боја интересно и изгледа. Се работи за комбинација од кафеава, црвена и портокалова боја. Резултатот е боја што лесно може да се прилагоди на сите стилови и боја на гардероба.

Бојата можете да ја прилагодувате по сопствено желба, во зависност од тоа дали сакате посветли или потемни нијанси. Доколку сакате малку подлабоки тонови, додајте повеќе кафеава фарба, ако сакате портокалов отсјај, во тој случај не штедете на црвената фарба.

Доколку косата ја скратите на малку подолг паж, ќе бидете апсолутно во склад со есенските трендови.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време