Драстична промена на имиџот: Шарлиз Терон на Оскарите прошетала нова фризура и волшебна креација

Нова боја на коса

Холивудската актерка на доделувањето на најпрестижните филмски награди се појавила со целосно променет имиџ

Шарлиз Терон (43) на 91-вото доделување Оскари во Лос Анџелес ја претставила својата нова боја на коса и во комбинација со прекрасната тоалета заблескала во полн сјај.

Актерката на црвениот тепих се појавила во прекрасен светлосин фустан на модната куќа „Диор“, а околу вратот носела дијаманти на „Булгари“.

Холивудската актерка ја бојосала својата препознатлива платинесторуса коса во кафеава боја и ја пробала познатата боб фризура.

Шарлиз се одлучила за целосна промена на имиџот по приказната дека е во врска со колегата и холивудскиот заводник Бред Пит.

Со оглед на тоа што Терон е позната како личност која често правела трансформации во текот на кариерата, оваа драстична промена не зачудила многумина.

Нејзината фризерка на Инстаграм открила дека актерката се одлучила за промена непосредно пред самото доделување на најпрестижните филмски награди.

Таа споделила и фотографија на која може да се види процесот на бојосување.

https://www.instagram.com/p/BuSJ_tEBJ57/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.