Драстична промена на имиџот: Кендал Џенер воодушевила со новиот изглед!

Веќе не е бринета!

Фото: Getty Images

Со појавата на ревијата ги изненадила сите присутни кога се појавила со драстична промена на бојата на косата

Откако 23 години била бринета, Кендал Џенер, решила да стане занесна русокоса.

Најпознатата манекенка моментално и ѕвездата од реални шоуа решила да си поигра со својот имиџ и да се појави во потполно ново светло.

Таа долго време и’ била верна на својата кафеава коса, но за потребите за претставувањето на новата колекција на „Барбери“, била подготвена за првпат во животот драстично да го промени имиџот.

https://www.instagram.com/p/B2gXYOrBkzT/?utm_source=ig_embed

Во модната индустрија, од манекенките и моделите често се бара да го менуваат изгледот за потребите за снимање модни кампањи или модни ревии, а се чини дека Кендал не се двоумела долго кога истото го побарале и од неа.

Како ви се допаѓа оваа трансформација?

https://www.instagram.com/p/B2i9zwHhIvR/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.