Дознајте како Французинките ја негуваат косата

Познатиот фризер Кристоф Робин открил неколку тајни

Французинките се вистински поборнички за природната и негувана коса

Французинките се познати по одличниот стил, по начинот на кој уживаат во животот и храната, по убавината и прекрасните фризури. Познатиот фризер Кристоф Робин кој ја средувал фризурата на речиси сите модерни француски модели актерки, открил неколку тајни.

Најголемата разлика помеѓу косата на Французинките и останатите жени не е во начинот на шишање, туку во изборот на бојата. Французинките речиси секогаш одбираат природни нијанси на косата што им прилега на нивниот тен и боја на очи.

„Не сакаат постојано го прекриваат израстокот. Многу Французинки, кои имаат кафеава коса а сакаат да ја осветлат, нема целата коса да ја обојат руса туку ќе ги осветлат само прамените на врвовите“, открива Робин.

Тие не се плашат од ножиците

Тие е направат сè за да ја одржат косата здрава. Не се плашат од ножици и знаат дека кога имате здрава коса, секоја фризура ќе изгледа подобро.

Французинките обожаваат кркми

Долгите, лежерни кркми се нивен заштитен знак кој им го дава тој познат француски опуштен изглед.

Текстура во косата

Без разлика дали нивната коса е кадрава или рамна, Французинките ја прифаќаат и го извлекуваат најдоброто од неа. Не ги сакаат пеглите за рамнење, ниту фигарата за виткање на косата. Исто така, вештачките додатоци никогаш не се опција за нив.

Природна нега

За нега на својата коса, тие бираат нежни производи на база на природни состојки, без силикони и сулфати. Честопати користат регенератори

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време