Добрата фризура може да подмлади и до 10 години: Ова е единствениот правилен начин на стилизирање коса после 40-тите!

Совет од фризери

Правилата се менуваат по 40-тата година

Трендовите се менуваат, но некои фризури едноставно никогаш не излегуваат од мода и имаат моќ да нѐ подмладат и до 10 години.

Секоја жена сака што подолго да го задржат младешкиот изглед, но фризерите конечно ја најдоа совршената формула. Со малку труд и правилен начин на стилизирање, за неколку мигови можете да изгледате драстично помлади. Без да одите на пластичен хирург, ќе избришете неколку години од лицето како со гумичка.

Добро стилизираната коса навистина има моќ да го трансформира целиот изглед.

Правилото што во повеќето случаи важи е кога ќе влезете во 40-тите, да ја осветлите косата барем за една нијанса или да ја збогатите со по некој посветол прамен. Посветлите нијанси му даваат сјај и свежина на лицето, кои се неопходни во зрелите години.

„Жените го откриваат ова правило и по 40-тата, неретко се случува бринети прекуноќ да станат русокоси, но ние фризерите не мислиме на тоа. Таквите драстични чекори не се добри, доволно е да ја осветлите косата за неколку нијанси од онаа боја што веќе ја имате“, едногласни се стилистите.

Што се однесува до самиот облик, најдобриот избор се степенести или потполно рамни фризури, со средна должина. Треба да ги одбегнувате кркмите и премногу долгите фризури.

Фризерите ги советуваат дамите што имаат повеќе од 40 години да ја стилизираат косата како овие холивудски ѕвезди:

Хали Бери

Ева Мендез

Дру Баримор

Џулија Робертс

4 трикови за вечно млада коса: Еве што да направите ако сакате да имате коса како Деми Мур!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.