Џеј Ло покажа како се прави и носи совршена есенска боб-фризура без многу напор

Безвременска убавина

2020 година е година на големи промени и немаше никаков недостаток кога станува збор за косата. Многу жени одлучија да направат драстични промени и да ја скратат косата што ја пуштаат со години.

Додека оваа година навистина донесе различни трендови на фризури и бои, боб-фризурата дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најпопуларните. Кратки, долги, француски, асиметрични, во А-линија и степенасти боб-фризури се само некои од можните верзии, и сите ги обожаваме. Но, овие денови на многу жени вниманието им беше привлечено од разбушавената боб-фризура на убавата Џенифер Лопез. Нејзината прекрасна брановидна боб-фризура имавме можност да ја видиме на Инстаграм профилот на Крис Аплтон, популарен холивудски фризер, кој истакна дека за него тоа е совршена должина на косата.

https://www.instagram.com/p/CFZ7NAXB4Ri/?utm_source=ig_embed

Тоа е фризура која совршено ќе ја носат сите жени со виткана и брановидна коса без многу напор. Експертите велат дека за природни кадрици најдобро е да се користи добар крем или масло за да се дефинираат кадриците, кои треба да се нанесуваат на влажна коса, а потоа да се сушат со фен. Но, не грижете се, ако вашата коса не е природно виткана, тоа не е причина да ја исклучите можноста за боб-фризура оваа есен. Можете да ја навиткате косата со пегла, виткач или без греење.

Прочитајте и: 5 совети како да исчистите дамки од боја за коса

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.