Дали знаете дека и косата старее? Еве кои фактори предизвикуваат предвремено стареење на косата и скалпот!

Како може да се спречи стареењето на косата?

Стареењето на косата и скалпот е проблем што лесно може да се реши!

Исто како што лицето покажува знаци на стареење преку појава на брчки и опуштена кожа, така и скалпот подлегнува на слични промени со текот на времето. Обновата на клетките не е повеќе оптимална и нивната функција постепено се намалува. Циркулацијата на крвта е помала, а тоа значи дека клетките се снабдуваат со помалку хранливи состојки, кои се неопходни за здравјето на косата. Како резултат на тоа, косата станува видливо поретка!

Иако проседувањето во голема мера е генетски предодредено, тоа не е единствениот знак дека косата старее, а и годините не се единствениот фактор што влијае врз стареењето на косата. Факторите од кои зависи дали вашата коса ќе почне предвремено да старее може да се поделат на внатрешни и надворешни.

Внатрешни фактори

Внатрешните фактори зависат од вашето тело (хормонски промени), но и од вашиот животен стил (исхрана, користење погрешни препарати за коса).

Хормонски промени:

  • Влегувањето во менопауза може да предизвика пад на женските хормони, што понатаму резултира и со други дефицити и нарушени процеси во телото.

Животен стил:

  • Ако вашиот животен стил, особено вашата исхрана, не е како што треба, тоа брзо ќе се одрази на вашата коса. За да ја заштитите косата од проретчување и оштетување, треба да користите витамини и елементи во траги. На тој начин ќе ја сочувате убавината на вашата кожа и коса. Додатоците во исхраната се добро решение во овој случај.
  • Одбегнувајте да користите препарати што не се соодветни за вашиот тип коса. Претераната употреба на пегли, фенови и фигаро, исто така може да ја уништи вашата коса.

Надворешни фактори

Предвремено стареење можат да предизвикаат и разни фактори од околината, како што се изложеноста на сонце и загадувањето. Сигурно веќе знаете дека овие фактори влијаат врз здравјето и убавината на кожата, па зошто тоа би било поразлично за вашата коса?

  • Кога претерано се изложувате на сонце, без никаква заштита, сонцето го оштетува скалпот: го пресушува и може да ја промени неговата pH-вредност, што резултира со појава на првут. Овој процес е сличен на тој што се јавува кога вашата кожа се лупи како последица на изгореница од сонце.
  • Истиот негативен ефект го има загадувањето. Кога е оштетена, косата станува сува, ретка и кршлива, па почнува и побрзо да старее.

Како може да се спречи стареењето на косата?

Иако постојат многу причини за стареење на косата, важно е да се знае дека еднаш кога ќе започне овој циклус, лесно може да ескалира. Стареењето ја прави косата посува и поретка. Ако не го негувате влакното на соодветен начин, стареењето на косата ќе се забрза.

За да го спречите овој процес, користете докажани препарати за коса, а едни од нив се Revalid® Anti-Aging шампонот и Anti-Aging флуидот, кои содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM

Кога клетките на кожата ја губат својата природна способност да му се спротивстават на оксидативниот стрес и оштетување, Revalid® Anti-Aging системот им ја обезбедува потребната поддршка за одржување здрава текстура, волумен и изглед.

И двата производи содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на човечката коса и скалп и да го забави процесот на стареење.

Дополнително, Revalid® Anti-Aging шампонот и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од еделвајс од швајцарските алпи, растение познато како преживувачка sвезда, кое има способност да расте на големи надморски височини и високи температури. Преку стимулирање на клучни гени и протеини одговорни за одржување на заштитната бариера на скалпот, тоа претставува дополнителен поттик за самата коса и скалп.

Оваа врвна иновација на Revalid®  сосема заслужено ја носи титулата бјути-ѕвезда во категоријата нега на коса!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.