Дали смеете да ја четкате косата додека е влажна?

Дали е пожелно четкање на влажна коса или не?

Нема подобро чувство од тоа кога вашата коса е свилена и чиста и кога четката поминува низ косата непречено.

Иако еднаш оштетената коса е поврзана со третман со топли производи или со премногу хемикалии, вистината е дека можете да ја оштетите со невнимателно четкање. Постојат поделени мислења за тоа како треба да се четка косата, кои четки да се користат, кои производи да се користат и колку често да се четка, но сето тоа зависи од видот и текстурата на вашата коса. Но, некако прашањето што најчесто се поставува е – дали можеме да ја четкаме косата додека е влажна?

Косата бара индивидуален пристап, па затоа е најдобро прво да одредите каков вид и состојба на коса имате, пред да започнете да преземате понатамошни чекори. Чешлањето е тука за да го подобри здравјето на вашата коса со расчешлување за да не пукне понатаму, а за многумина е логичен чекор да се посегне по четката после туширање и да се направи своето, но во некои случаи, особено ако се прави премногу агресивно, четкањето на влажна коса е уште поштетно од тоа воопшто да не ја допирате.

Имено, за оние со права коса, четкањето влажна коса што е најчувствителна во оваа фаза може да предизвика пукање и оштетување. Косата е во најсилна состојба кога е сува, па затоа треба да се чешла тогаш.

За оние со виткана или брановидна коса, важи обратното правило. Витканата коса кога се суши е скоро невозможно да се исчешла и влагата ѝ помага да ја зачува косата. На косата што е еластична, ѝ треба повеќе хидратација, па дури и спреј за чешлање и задолжителен регенератор за да може да ја расчешлате.

Прочитајте и: Во чаша млака вода додадете ја оваа состојка и измијте ја косата: Ослободете се од првутот еднаш и засекогаш!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.