Чичково масло за убава и здрава коса

Масажата практикувајте ја 10–15 минути

Доколку имате слаба, безживотна коса, која бавно расте, размислете за употреба на масло од чичка.

Имено, поливитамините и хранливите материи што се наоѓаат во него ја подобруваат структурата на влакното, го зајакнуваат и го надоместуваат дефицитот од витамини во кожата на главата.

Чичковото масло во топол облик се нанесува на чиста, малку подисушена коса, внимателно втривајќи го во кожата на главата. За полесно да ја распоредите маската, разделете ја косата на прамени.

Масажата практикувајте ја 10–15 минути. Потоа со чешел со ретки запци или со стара четка за заби внимателно распоредете го маслото по целата должина на косата. Соберете ја косата под специјална капа или фолија, па преку тоа ставете подебела крпа.

За постигнување резултати држете го маслото на косата минимум 30 минути.

Најдобро е да го измиете со топла вода (не врела), па косата да ја измиете со билен шампон.

Извор: Руски доктор

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.