Четката за коса мора да се измие, и еве како!

Ако ве прашале дали се грижите за хигиената на косата – самоуверено ќе одговорите потврдно! Шампони, балсами, маски, масла – го имате сето тоа… Но, дали се грижите за хигиената на четката за коса?

Ако сè уште не знаете точно во што е проблемот, пробајте да го замислите следното сценарио.

Откако добро ја измивте косата и ја третиравте со соодветни препарати, земате четка со која сте ја чешлале неколку стотици пати. Замислете ги сите оние мртви клетки на кожата, нечистотија и бактерии кои се спојуваат со вашата свежо измиена коса. Не звучи многу хигиенски, нели?

Колку често треба да ја миете четката?

Експертите велат дека четката треба да се мие еднаш или двапати неделно, а ако користите сув шампон и други производи за коса, треба да го правите тоа почесто. Не мора да купувате специјални детергенти за миење на четката, но можете да користите редовен шампон за коса за да ги отстраните сите маснотии и нечистотија.

Како да се мие четка?

Почнувате да ја миете четката со прво отстранување на насобраните влакна. Чешел и пинцета ќе ви помогнат најдобро. Откако ќе ја исчистите од насобраната коса, измијте ја четката со млака вода и мала количина шампон и исплакнете ја додека не исчезне целиот шампон. Вака измиената четка ќе ја исушите со фен за коса, кој никогаш не смее да биде на највисока температура. Ако немате навика да ја миете четката со која се чешлате, измијте ја за време на туширање или миење на косата.

Прочитајте и: Ретро фризурата од 1960-те повторно е во мода: Се прави за миг, а еве како ја носат Ким Кардашијан и Џеј Ло! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.