Бујните облини се преливаат на сите страни, но сите гледаат во нејзината коса (ФОТО)
Со константното истакнување на својот изглед, стана една од најследените, но и најкритикуваните јавни личности.
Изгледа дека на најпозната американска стралета Ким Кардашијан Вест (38) ѝ здодеаја написите дека би можела да стане прва дама на САД земајќи предвид дека нејзиниот сопруг Канје Вест планира да се кандидира за претседател на сојузната држава, па одлучи да направи „дефокус“ со промена на изгледот, бојадисувајќи ја својата препознатлива црна коса во огнено црвена нијанса.
Се разбира, ријалити-ѕвездата со новиот изглед се пофали и на Инстаграм.
Освен тоа, своите препознатливи бујни облини ги „спакува“ во кожени панталони, а веќе на следната објавена фотографија покажа и длабоко деколте. Ќе се согласите дека ова е карактеристично за Ким и дека веќе по некој ден би можела да стане… русокоса, на пример?
Фото: Инстаграм, Getty Images