Брзи фризури што се идеални за оние денови кога не стигнувате да ја измиете косата: Ќе изгледате како да сте излегле од салон!

Корисни трикови

Доколку не можете да стигнете да ја измиете косата, а се подготвувате за важен состанок или настан, немојте да паничите! Со неколку потези може да имате одлична фризура

Валканата коса често може да го уништи целиот изглед, а не е секогаш лесно да се има чиста и беспрекорна коса. Понекогаш, особено ако косата брзо ви се масти, дури и ако сте ја измиле претходната вечер, таа може да изгледа валкано и неуредно.

Но со помош на овие мали совети и корисни трикови повеќе нема да морате да се мачите со валканата коса…

1. Натапирајте го коренот

Ако сакате да ја замаскирате валканата, масна коса, повлечете го горниот дел од косата наназад со помош на шнола, натапирајте го коренот на косата, а потоа напрскајте лак за коса. Оставете ја косата додека се спремате (најмалку 10 минути), а потоа извадете ја шнолата за коса и провлечете ги прстите низ прамените за да се одвојат. Тоа ќе ви помогне да добиете на волумен и да го подигнете коренот на косата, давајќи ѝ посвеж изглед.

2. Ниска пунџа

Оваа фризура е идеална за нечиста коса. Повлечете ја косата наназад и завиткајте ја во мала пунџа. Зацврстете ја со обична шнола или штипка и ќе добиете заводлив и поинаков изглед за миг. Вашата коса нема да изгледа валкано, туку уредно и затегнато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefani Hudic (@studiobystefy)

3. Префрлете ја косата на страна

Ова е дефинитивно најлесниот и најбрзиот начин на маскирање на валканата коса. Едноставно префрлете ја косата од една на друга страна и напрскајте малку лак, за да не ви се враќа. Ќе изгледате заводливо и атрактивно.

4. Искористете ленти за коса

Со оглед на тоа што валканата и неуредна коса најмногу се забележува на самиот корен, кој добива залепен и нечист изглед, едноставно покријте го со лента или марама. Марамите во косата се одличен моден додаток, кој ќе ви даде шик и модерен изглед. Одберете марама или лента со интересен дезен и дајте ѝ нова димензија на вашата фризура. Резултатот е трендовски и освежен изглед кој освојува.

5. Плетенка-венче

Исплетената коса од врвот на главата во форма на ореол ќе изгледа како совршена покривка за валканиот корен. Извлечете неколку прамени околу линијата на сплетената коса за да ја омекнете фризурата и подготвени сте за нови предизвици. Плетенките секогаш се во мода и секогаш се уникатни, па затоа играјте си и истражете која најдобро ви прилега.

6. Искористете шешир или капа

Модерниот шешир или капа не само што ќе му дадат оригинален печат на вашиот стил, туку и ќе ви помогнат успешно да ја сокриете валканата коса. Одберете некој шик-модел што ви прилега и му одговара на вашиот стил и уживајте во денот без да се грижите за валканата коса.

7. Коњско опавче

Коњското опавче дефинитивно никогаш не излегува од мода. Брзо се прави и одлично е за прикривање на валканата коса. Едноставно префрлете ја косата напред и натапирајте го коренот малку, а потоа врзете ја во високо коњско опавче. Ќе изгледате свежо, задоволно и слободно, а со некој соодветен додаток, оваа фризура може да биде навистина елегантна.

9 фризури што ќе бидат апсолутен хит во 2023 година: Експертите ги издвоиле најубавите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.