Блеснете за новогодишната ноќ: Фризурата „Шанел“ го освоила светот

Фантастична фризура!

Ревиите на француската модна куќа се рај за очи, како за модниот свет така и за сегментот за убавина

Оваа фризура несомнено ја претставува високата мода во светот на косата! Тоа не е воопшто чудно со оглед на тоа што е креирана за потребите на грандиозното шоу на големата модна куќа „Шанел“, попрецизно за познатата колекција „Métiers d’Art“.

Како настанала фризурата?

Неколку часа пред самото шоу, пристигнала фризерката Миша Г. Почетната идеја за фризурата вклучувала пунџа од сплетена коса со расфрлани украси.

Модел била Ванеса Хонг (@thehautepursuit), која носела предимензионирано синџирче од бисери и кристали.

Откако уметницата за стилизирање коса се инспирирала од модната комбинација на Ванеса, создала магија! Миша отрчала до нејзината омилена продавница за накит кој се лепи и 30 минути спојувала 64 различни украси на шноли за коса.

Сакала да постигне спонтан, но сепак стилизиран „распоред“.

Потоа, се вклучила и Хонг која предложила да искористат модни додатоци со форма што потсетува на школка. На крајот, целата фризура изгледала фантастично, за што сведочат критиките на многубројни бјути уредници на модни магазини, кои ѝ се воодушевуваат на фризурата „Шанел“.

Во продолжение погледнете како изгледа оваа фризура од сите агли и можеби ќе ви даде идеја за вашиот новогодишен изглед…

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време