Анџелина Џоли ја надградила косата и сите се прашуваат дали нејзиниот фризер бил пијан или дрогиран?!
Дали е возможно?
Кога Анџелина ќе се појави на црвениот килим, сите се фокусираат на нејзиниот фустан, линија на телото, но овој пат фризурата била мета на критики од нејзините обожаватели
Анџелина Џоли (46) со години се појавува на црвениот килим со истата фризура – кафеава коса, со средна должина. Овој пат актерката одлучила да поработи малку на својата фризура, па одбрала долги екстензии во светлокафеава боја.
Сето тоа би изгледало фантастично ако работата била завршена како што треба, но некој сериозно ја „оплескал“. Имено, актерката се појавила со делумно надградена коса, со видни премини и „степени“, така што сите останале без текст.
Како можело да се случи нешто вакво?
Вака голем пропуст не се случил од влакнестите пазуви на Џулија Робертс! И додека Анџелина гордо шетала во заводлив фустан на „Версаче“, сите гледале во чудната надградба на нејзината коса.
„Како можел некој да ја пушти Анџелина Џоли на црвен килим со коса надградена на овој начин? Некој ќе добие отказ!“
„Нејзиниот фризер или бил пијан или дрогиран!“
„Не знам кој ѝ ја средува косата, но треба да го отпушти!“
View this post on Instagram
Ова се само некои од коментарите на социјалните мрежи на сметка на изгледот на Анџелина Џоли! Што мислите вие?