6 начини да ја модернизирате вашата боб-фризура

Боб-фризурата е сосема поинаква оваа година!

Боб е високо оценета фризура во светот на косата со години, и досега имавме можност да видиме (и да носиме) разни варијации на темата.

Сепак, колку и да беше популарна, како и секоја фризура, оваа може да биде здодевна. Но, пред да посегнете по ножиците, ние ви претставуваме едноставни и ефикасни начини за модернизирање на вашата фризура за брзо време!

Надградете го вашиот боб!

Променете го патецот

Ова е најлесниот начин да добиете сосема нов изглед многу брзо. Наместо да носите боб со разделба во средина, направете подлабока разделба на страна и обратно. Страничната разделба е особено практична за девојчиња со виткана коса.

Прав боб

Ако имате права коса, замолете фризер да ја обликува за да биде потполно исправена. „Ласерската“ скратена и совршено исправена коса може да изгледа одлично на боб-фризурата, особено со средна должина.

Додадете шишки

Боб може да се модернизира и освежи со шишки. „Завеса“ шишките се особено популарни оваа сезона, па можете да ги пробате. Исто така, кружните шишки се многу трендовски. Белешка: Никогаш не ги скратувајте шишките дома. Овој потфат, сепак, бара знаење од професионалец!

Додатоци за коса

Ова е уште еден многу едноставен и ефикасен начин за целосно модернизирање на вашата боб-фризура. Додадете свилена шамија, бандана или шноли и ќе добиете целосно нов изглед, без употреба на ножици.

Изберете нова боја

Најдобар начин да ѝ дадете на косата сосема нов изглед е да ја обоите. Без разлика дали отсекогаш сте сонувале да станете русокоса, црвенокоса или само да сакате прамени, ова е идеален момент за тоа. Се разбира, ако боите за прв пат или сакате драстично да ја промените фризурата, сепак е подобро да му ја препуштите на експерт за коса.

Прочитајте и: Како да се отстрани бојата на косата?

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.