6 фризури што можете да носите и во вежбалница и за свечени пригоди: Лесно се прават, а секому му стојат! (ФОТО)

Пробајте!

Хит-фризурите за есен подразбираат безвременски класици и стилови од 1950-те

Како што годишните времиња почнуваат да се менуваат, ние се подготвуваме за надополнување на својата гардероба и за создавање удобни, топли есенски комбинации, но ова е исто така добро време да размислиме и за нашата коса.

Славните фризери, како Монае Еверет, секоја сезона споделуваат трендови за најубави есенски фризури. Таа експериментирала со некои стилови на многу снимања за серии на Нетфликс и филмови.

Тврди дека некои фризури особено се истакнале за претстојната есен. Едноставноста и природниот изглед во последно време се наоѓаат на самиот врв на листата на трендови. Но тука се и некои стилови што можеме да ги постигнеме со минимален труд, за да го освежиме малку својот изглед.

Класиците, како што се полуподигнатата коса и совршеното коњско опавче, ќе бидат задолжителни, според оваа фризерка. Полуподигнатата коса е инспирирана од 1950-те години, кога волуменот бил хит. Сега тоа е начин да имате навистина убаво стилизирана фризура која го нагласува вашето лице, но сепак да имате пуштена коса.

Од друга страна, креативноста на коњското опавче навистина зема замав, а секој тип на коса може да го износи и тоа во секоја пригода, од одење во вежбалница до елегантна свечена вечера. Особено се истакнува совршеното опавче кое се наоѓа точно на средината на главата.

За да ве инспирираме за совршено стилизирана есенска фризура, во продолжение ви предлагаме 6 трендови кои ќе можете да ги видите насекаде оваа есен.

Полуподигната коса

Коњско опавче

Пунџа со кркми кои го врамуваат вашето лице

Природни кадрици

Патец на средината во сите верзии

Неуредна плетенка

Идеално за жени со тенка коса: Благодарение на овие фризури, косата ќе изгледа двојно побујна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.