5 прекрасни фризури што можете да ги носите под капа (ВИДЕО)

Која фризура најмногу ви се допаѓа?

Овие фризури одлично одат со дебели, волнени, зимски капи или шешири

Честопати одлучуваме да не ставиме капа за да не си ја уништиме фризурата. Но со интензивното снижување на температурите, капите стануваат задолжителен моден додаток! Сепак, тие не мора да ѝ бидат непријатели на вашата фризура. Еве кои фризури може да ги носите под капа…

1. Лежерна плетенка и рибја коска, која самоуверено ѕирка под капата е одлична брза фризура што ќе ја направите за секунда.

2. Коса собрана во ниско опавче.

3. Ниската пунџа е одличен избор, бидејќи косата останува собрана и непроменета по вадењето на капата.

4. Пуштената коса најдобро е да ја стилизирате така што ќе извлечете неколку прамени, ќе ги сместите покрај лицето и со капа ќе го покриете само врвот на главата, носејќи ја над уши.

5. Нежните бранови на косата даваат романтичен и лежерен изглед кој најдобро ќе го постигнете со помош на фигаро или пегла. Нема потреба да правите кадрици од коренот на косата, затоа што капата ќе ви ги сплеска. Најдобро е да почнете од половина глава.

Погледнете го видеото за да добиете инспирација…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време