5 фризури што се АПСОЛУТЕН ХИТ претстојната сезона: Која е ваш ФАВОРИТ?

Овие пет исклучително носливи стилови (и едноставни за креирање!) го најдоа своето место во нашиот дневник на фризури…

ПРИРОДНИ ТЕКСТУРИ

Фризурите што не бараат голем труд секогаш се добредојдени. Очекуваме дека многу повеќе ќе почнеме да ги прифаќаме своите природни кадрици бранови или, пак, рамни прамени.

МОКАР ИЗГЛЕД

Веќе неколку сезони мокриот изглед го осигурува своето место меѓу најактуелните теми од модните писти. И не нè чуди – има нешто во таа блескава мокра коса!

БОБ-КРОЈ

Доколку се одлучивте за варијанта на боб-фризура, го направивте најдобриот избор. Ќе додадеме само дека мали „скршнувања“ се апсолутно дозволени, како и ретропризвукот.

ЗАЛИЖАНИ КОКОВИ

Едно е сигурно – елегантните кокови не се непознати на модната писта. И без разлика дали ќе се одлучите за ниска или висока опција, нема да згрешите!

МНОШТВО ПЛЕТЕНКИ

Во разни интерпретации – од оние „беби“, преку дуо-верзиите, па до исклучително долгите, креирани во вид на опавче. Значи, изберете!

Текст: Ѓурѓа Станишева

Фото: Getty Images, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.