4 знаци кои откриваат дека вашата коса е оштетена

Фото: Getty Images

Честото боење, стресот, топлината и лошата исхрана – факторите кои влијаат на здравјето на нашата коса се бројни и донекаде неизбежни.

Оштетената коса е честа појава, иако со помош на специфични процедури можеме да ја вратиме убавината и да ine го осветлиме косата. Но, кои се знаците што откриваат дека треба веднаш да се преземат мерки за ревитализација на косата?

Губење на косата

Секој ден, со четкање или миење со шампон, губиме одредена количина коса и тоа е нормално. Меѓутоа, во некои случаи, опаѓањето на косата е сериозно и може да биде резултат на стрес, старост, тешки лекови или бременост. За да се избегне ова, експертите потенцираат дека скалпот мора да го одржуваме чист. Добриот шампон и регенератор можат да направат забележителна разлика.

Оштетени краеви

Оштетените краеви се нешто што сите сме го сретнале. Редовното кратење ќе ве спаси од оштетена коса, додека навлажнувачкото масло на краевите ќе ја одржува вашата коса здрава подолго по миењето.

Кревка коса

Ако забележите дека вашата коса е кршлива, веројатно треба да ја вратите нејзината еластичност. Недостаток на протеини, дехидрираност и изложување на сонце се главните причини зошто пука косата, а единствениот начин да се заштити од ова оштетување е подобрената рутина за третман. Хидратантно млеко со малку маснотии ја поправа и храни косата, исто така можете да користите шеа путер и масло од јатка од кајсија.

Јазли по должината на косата

Јазлите по должината на косата се знак на оштетена коса и можат да станат болни и досадни при четкање и стилизирање. За да го решите проблемот, добро е да спиете на перници изработени од свилена ткаенина, но и да ја исушите косата со мека крпа. Конечно, обидете се со четкање пред миење со шампон, да се ослободите од досадните јазли подоцна и со помош на регенератор.

Прочитајте и: Кој не е за смелата француска боб-фризура?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.