4 фризури што ги подмладуваат жените над 50 години: Проверено ги бришат годините од вашето лице!

Совршени стилови

Совети за дамите што имаат повеќе од 50 години – овие фризури гарантираат младешки изглед

Зрелите години имаат неколку предности, а една од нив е тоа што трендовите на фризури не се менуваат толку често како во помладите денови.

Фризурите што имаат моќ да му ја вратат младоста на лицето ги претпочитаат и многу славни дами, а ние ќе ви претставиме некои од нив…

Пикси фризури

Асиметричните пикси фризури, разиграните варијанти на боб или слоевито потстрижаната коса, се само некои од фризурите што фризерите ги предлагаат за жените над 50 години.

Славната актерка Шерон Стоун (62) и во седмата деценија привлекува внимание со својот изглед, а неодамна добила и голем број комплименти поради новата пикси фризури која подмладува. А легендарната актерка совршено и ја носи.

https://www.instagram.com/p/CCaIEwupZSQ/?utm_source=ig_embed

Фризерот на славните личности Адир Абергел го креирал стилот на оваа фризура со подолги, заводливи кркми, кои ги нагласуваат убавите црти на лицето и очите. Пократките фризури никогаш не се сметале за поженствени и попривлечно, но фризерите сметаат дека ваквите стилови се совршени за дамите над 50 години.

Џенифер Анистон, Џулија Робертс, Џенифер Лопез, Селма Хаек, Џулијан Мур, Сандра Булок се доказ дека младешките фризури немаат граница кога се годините во прашање.

Неуредна пунџа

Селма Хаек неодамна ја покажала нејзината неуредна пунџа, за која добила еден куп комплименти.

https://www.instagram.com/p/CBvbFFkJOX-/?utm_source=ig_embed

Фризури што подмладуваат често носи латино дивата Џенифер Лопез, поради што ретко кој би ѝ дал 51 година.

https://www.instagram.com/p/CC3mohVJjlo/?utm_source=ig_embed

Педесет и три годишната Никол Кидман ја освежила својата фризура со прамен заводливо извлечен преку лицето.

https://www.instagram.com/p/B9Hv-7BpLNo/?utm_source=ig_embed

Кркми

Кркмите се одличен начин да избришете години од лицето, а доказ за тоа е холивудската актерка Хали Бери.

https://www.instagram.com/p/CCwoe1mD8ql/?utm_source=ig_embed

Долгата косата потстрижана слоевито и неуредните кркми кои ги покриваат брчките и во прв план ги ставаат очите, се одличен избор и за дами над 50 години.

Слоевито потстрижана коса

Доколку сепак претпочитате долга коса и не сакате да откажете од неа, сепак треба да внимавате да не биде предолга, бидејќи во спротивно ќе изгубите на волумен.

Како што со текот на годините косата станува посклона на сушење, негувајте ја со препарати што добро ќе ја нахранат и хидрираат.

Некогашниот модел Кејти Џејкобс (56) позирала за издание на Sport Illustrated гордо покажувајќи ја нејзината сјајна и бујна коса, а токму слоевитата фризура е резултат на тоа.

https://www.instagram.com/p/CAVfkDHFpja/?utm_source=ig_embed

Петте најголеми трендови на фризури што ќе ги носиме оваа есен
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.