Како да спречите неизедначеност на бојата на кожата на лицето, како и појава на хиперпигментни дамки и флеки?!

Совети

Хиперпигментацијата на кожата е проблем со кој во последно време се соочуваат се полем број на луѓе. Поинтензивно или помалку, како и зависно од типот на кожата, и од степенот на изложеност на сонце, тој непосакувам проблем е дел од нашето секојдневие. Хиперпигментацијата особено е честа после летните годишни одмори, кога се поголем бројот на луѓе се соочуваат со неа, иако не верувале дека можат да го имаат тој проблем.

Како таа се манифестира? Пред се во неизедначеност на бојата на кожата, што претставува блага форма, па се до појава на темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, кои создаваат значајни непријатности.

Изложеноста на сонце, стареењето или хормоналните промени се главните причинители!

Решение секако дека постои! Колекцијата Еуцерин “Анти-пигмент” претставува ефективна медицинска козметика која ги намалува темните дамки, флеки по само две недели, а кожата изгледа поизедначена и посветла. Со нејзино навремено нанесување пред и за време на летниот одмор ќе спречите и неизедначеност на бојата на кожата на лицето.

Овој иновативен производ претставува комбинација од патентиран Тиамидол со формула со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокомпонентен систем.

Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин”, смета д-р Соња Доневска Петрушевска медицински претставник на Баерсдорф за Македонија.

„Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки: кои ги нарекуваме хиперпигментација.”

“Анти-пигмент” колекцијата на Еуцерин ја содржи активната состојка, Тиамидол, која го решава проблемот во корен со тоа што го редуцира лачењето на меланин на кожата. Од 50.000 тестирани супстанци во лабораториите на Баерсдорф во текот на изминатите 10 години истражување и развој, Тиамидолот се покажа како најефективна и најсилна состојка. За време на 3-месечното клиничко тестирање, испитаниците со хиперпигментација ги видоа првите резултати по само две недели нанесување, со континуирано подобрување на состојбата видливо во текот на наредните 12 недели.

Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Еуцерин “Анти-пигмент” треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат Тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.

Колекцијата се состои од

· Еуцерин “Анти-пигмент” Двоен Серум: комбинира патентиран Тиамидол со формула со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокомпонентен систем

· Еуцерин “Анти-пигмент” Дневна Нега: нуди заштита од сонце со фактор 30,

· Еуцерин “Анти-пигмент” Ноќна Нега: помага во обновата на клетките на кожата во текот на ноќта со Декспантенол,

· Еуцерин “Анти-пигмент” Коректор на дамки: овозможува насочена примена на специфични делови со хиперпигментација.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време