Јелена Розга: „Негувана жена е убава жена – во текот на денот мора да издвоиме барем 5 минути за себе“

Нејзините тајни на негата

Во разговорот за убавината и негата со популарната хрватска пејачка Јелена Розга, таа ни откри дека, како и секоја модерна жена, најголемо внимание ѝ посветува на негата на кожата и косата, и многу е доследна во тоа, а црвениот кармин ѝ дава дополнителна доза на самодоверба.

 

Што подразбира вашата секојдневна нега?

Кога станува збор за негата на кожата, многу сум доследна. Големо внимание им посветувам на лицето, телото и на косата. Негувана жена е убава жена – во текот на денот мора да издвоиме барем 5 минути за себе.

Наближува пролетта, па кој зимски ритуал за разубавување најмногу ќе ви недостига, а на кој пролетен посебно му се радувате?

Моите ритуали за разубавување се речиси идентични во текот на целата година. Сите 12 месеци практикувам третман со кислород и дермоабразија, кои ѝ ги враќаат на кожата природната еластичност и сјај. И дневната и ноќната нега се идентични – исклучително  важно кожата, особено во зима, да биде нахранета, а налето заштитена од штетното дејство на УВ-зраците.

Годинава полните 44 години. Дали и зошто, кога станува збор за негата и за убавината, ве загрижува таа бројка?

Никогаш не се оптоварував со годините, тие за мене отсекогаш претставувале само број. Имаш онолку години колку што чувствуваш дека имаш, па така и зрачиш. Ете, мојот дух има 18 години, што и се забележува, нели? (се смее)

Што од доменот на негата, во вашиот случај, спаѓа во делот „не, никако“?
Не ми се допаѓа претерување со тешка шминка, естетски зафати, предолги вештачки нокти… Треба да се има мера.

Дали носите несесер со шминка секогаш во чантата и што содржи?

Секогаш го носам, а од неколку работи не се одделувам: влажни марамчиња, балсам за усни, пудри за матирање и крем за раце.

Да морате да изберете само еден производ за шминка со кој треба да се појавите во јавност, тоа би бил…

Црвен кармин. Тој има некоја моќ и магична привлечност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Што е ваш порок за нега, а кој за шминка?

Заради светлиот тен, исклучително се плашам од УВ-зраците, па секогаш стравувам да не заборавам да ја заштитам кожата. Кога станува збор за шминката, поборник сум за природен изглед, па сакам и мојата шминка да биде таква – лесна и транспарентна.

Како мириса вашето секојдневје, а кој парфем ви е за посебни пригоди?

Тоа отсекогаш беше Dior Hypnotic Poison.

Кои мирисни ноти сакате да ги почувствувате на партнерот?

Сакам свежи мириси, транспарентни, кои не оптоваруваат, а сепак имаат некоја специфична нота.

На што се должи вашата совршена фигура – гените, исхраната или на вежбањето?

Би рекла дека е комбинација на сето набројано, но дефинитивно голема заслуга има активното занимавање со танц на сцената, веќе дваесет години. Не сум оптоварена со килограмите, јадам кога сум гладна и тоа е моето мото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Кој е, според вас, најдобриот пронајдок на козметичката индустрија?

Третманот со кислород. По само неколку третмани, кожата зрачи со природен сјај.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.