До совршени бранови на косата за помалку од 5 МИНУТИ!
Сакаме бранови во косата, затоа секогаш ги бараме наједноставните и најефикасните идеи како да ги направиме. За среќа, ТикТок секогаш нуди тони решенија, а ние издвоивме едно суперкорисно за вас. Еве како да направите одлична фризура за неколку минути!
Кога станува збор за фризурите, не само за свечени пригоди туку и за секој ден, брановите во косата станаа вистинска класика.
Најдобрите се, секако, резултат на вештите раце на фризерот во салонот, но доколку сакате да ги носите секој ден, сигурно барате разни туторијали, совети и трикови кои ќе направат да изгледаат еднакво добро како оние од салонот.
Затоа порталот Glamour UK сподели одлично видео на својот ТикТок-профил, кое сигурно ќе ви биде корисно.
Постапка за перфектни кадрици:
– Прво, врзете ја косата во високо опавче.
– Потоа поделете ја косата на пет или помалку делови, по желба. Помалку делови значат порелаксирани (полабави) бранови.
– Со преса за коса, фигаро или со електрична четка за виткање на косата почнете да ги виткате прамените.
– Кога ќе ја навиткате целата коса, одврзете го опавчето.
– По желба, можете да ги навиткате и прамените покрај лицето.
Најдоброто е што целиот процес е готов за помалку од пет минути, не бара големи фризерски вештини и целиот туторијал е идеален за комплетни аматери.
@glamouruk How to curl your hair in 2 minutes (even if you suck at curling hair) with GLAMOUR’s Deputy Beauty Editor @elleturneruk #hairhack #hairhowto #howto ♬ Supalonely (feat. Gus Dapperton) – BENEE
Видео: Тик Ток
Коментарите се заклучени.