Хелен Мирен: „Не поднесувам да одам на фризер, сама се шишам!“

Мрази салони за убавина

Getty Images

Оскаровката Хелен Мирен (73) ја изненади јавноста со признанието дека не е од оние жени кои секојдневно посетуваат фризерски салони и уживаат во бјути ритуали.

Актерката гостувала во емисијата „This Morning“ признала дека сама си ја средува косата.

О да, неретко се шишам сама, така да не одам често на фризер, рекла познатата актерка, но не го криела фактот дека не е баш толку вешта со ножиците во рака, па помошта од нејзиниот фризер тогаш и тоа како и е потребна.

Getty Images for Disney

Кога ќе згрешам нешто, му кажувам само на Стефан малку да ме искорегира затоа што користам кујнски ножици. Едноставно не можам да поднесам да одам на секое пет дена на фризер. Можам да одам еднаш годишно, а најчесто таквата одлука ја носам утрото пред да се појавам на црвениот килим, признала Хелен.

Актерката исто така ја шокира јавноста и со своето признание дека истата креација ја носи и по неколку пати, па дизајнерите после оваа изјава и замерија.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.