Затоа изгледа така добро: 20 совети на Џенифер Лопез за фитнес и исхрана што вреди да ги усвоите!

Таа ја знае тајната на топ-формата

Од неа може многу да се научи

Иако има 50 години, на изгледот можат да и’ позавидат и многу помлади девојки. Нејзиниот начин на живот е прилично здрав, а таа е дисциплинирана и ретко кога ги крши правилата.

Ова се принципите по кои се води Џенифер Лопез, а ние можеме да заклучиме дека дефинитивно имаат ефект…

https://www.instagram.com/p/B19Ook9gsU4/

Стомачните вежби се нејзина секојдневна рутина

Не поминува ни еден ден без да направи барем три серии по 50 стомачни вежби. Секогаш успева да најде неколку минути време за да ја направи оваа вежба, која е заслужна за нејзиниот совршено обликуван стомак.

Си поставува предизвици

Џенифер и нејзиниот свршеник многу често практикуваат десетдневни предизвици за време на кои се откажуваат од се’ што дебелее.

„Се’ што има многу шеќер или јаглехидрати, не доаѓа предвид“, објаснила таа.

https://www.instagram.com/p/Br1GP9_gBnB/

Го фотографира својот напредок

Таа одвреме-навреме се фотографира за да може да го види напредокот. Вели дека овој трик ја мотивира и и’ дава сила да продолжи понатаму.

https://www.instagram.com/p/Bx6Bqg_gMYs/

Танцува на шипка

Вели дека тоа е најдобриот тренинг. Освен што согорува многу калории, забавно е.

https://www.instagram.com/p/B2DIqiWg5p_/

Одбегнува храна полна со адитиви

Колку што може, таа се обидува да одбегнува храна што содржи рафиниран шеќер и други адитиви. Често се придржува до органска храна.

Кафе без кофеин е нејзиниот избор

Џенифер тврди дека со години нема внесено кофеин во организмот.

https://www.instagram.com/p/B2myS19gBD9/

Алкохолот е забранет за неа

Си дозволува по некоја чаша вино одвреме-навреме, но тоа е се’.

Протеините се основата на нејзината исхрана

Јајцата и месото се нејзиниот најчест избор, бидејќи знае колку добро влијаат протеините врз организмот, развојот на мускулите и на целосното здравје.

Има поддршка

Страста кон спортот ја дели со својот свршеник Алекс Родригез, па затоа многу често заедно одат во вежбалница. Вели дека многу е важно да имате некој покрај себе кој ќе ве мотивира кога ќе сакате да се откажете.

„Во пар се прават најинтензивните тренинзи“, открива таа.

https://www.instagram.com/p/BvPPQvwACbw/

Редовното одење во вежбалница е задолжително

Ретко и’ се случува да прескокне некој тренинг. Трите посети неделно на вежбалницата се вообичаени за неа.

Не заборавајте на вежбите за задник

Тајната на нејзиниот совршено обликуван задник лежи во напорните тренинзи. Ако сакате задник како нејзиниот, фрлете се на сериозно вежбање и се’ ќе биде достижно.

https://www.instagram.com/p/B1T20fGgn1X/

Хидратацијата е важна

Таа се обидува да внесува околу 2 литри вода дневно.

Почнете го денот со смуди

Секое утро таа ја има истата рутина. Смудито наместо кафе е задолжително. Во зависност од тоа какво овошје и зеленчук има во фрижидер, такво смуди пие, а тврди дека тоа ја буди подобро од кофеин.

Ручекот и вечерата изобилуваат со салати

Се обидува поголемиот дел од оброкот да биде некоја салата. Зеленчукот ќе ве засити, па помалку ќе изедете од останатата храна.

https://www.instagram.com/p/B2megQLDbqD/

Јаткасти плодови за ужина

Шака бадеми или лешници е нејзиниот избор за ужина. Ова овошје брзо ќе ве засити и ќе ги намали ненадејните напади на глад помеѓу оброците.

Понекогаш се почестува

Иако води многу здрав начин на живот, кога ќе почувствува потреба за некое слатко залче, си дозволува да изеде сладолед или чоколатце.

„Добро е од се’ да се прави одмор, па и од здравиот начин на живот.“

https://www.instagram.com/p/Bxi0lGqAb5H/

Музика што мотивира

Напорните тренинзи полесно се издржуваат со добра музика. Одберете ги вашите омилени песни и право во вежбалница!

Трпение пред се’

Не очекувајте резултатите да бидат видливи веднаш по првата недела. За губење килограми потребно е време, затоа бидете трпеливи.

https://www.instagram.com/p/BoL0Vn9gGON/

Бидете самоуверени

„Без разлика колку килограми имате, чувствувајте се добро во своја кожа. Животот е краток за да го трошиме на наоѓање мани“.

Доколку верувате дека можете да си го подобрите животот и да се откажете од лошите навики, тоа и ќе се случи.

Најдете идеално време

Вежбајте кога вам ви одговора, без разлика дали е тоа навечер или наутро. Времето не е пресудно за постигнување резултати, туку интензитетот на тренинзите.

https://www.instagram.com/p/Bnz5vkLFU6i/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.