Во кој танцувачки тип спаѓате? Значи, што чекате?! Пуштете музика и придвижете се!

Во ритам на музиката за танц...

Ја освои целата планета, па нека ве освои и вас! Танцот никогаш не бил попопуларен, а воедно и една од најзабавните и најефикасните физички активности

За миг, присетете се на најзабавните настани од својот живот. Речиси сме сигурни дека ви текнува на забавите со добро друштво, на кои се пеело и се играло и се – танцувало.

Спонтаниот танц и целосното препуштање на ритамот на музиката дејствуваат исклучително ослободувачки и помагаат да заборавите на проблемите, несигурноста, на стравовите. Освен што има добар психолошки ефект, танцот е и совршена физичка вежба, благодарение на која се забрзува срцевата работа, се активираат мускулите и се ангажира мозокот.

Верувале или не, на час на динамичен танц можете да согорите ист број калории како и при еден час џогинг. Всушност, најновите истражувања покажуваат дека танцот може да го намали ризикот од деменција за 76%, да спречи појава на депресија и да ги подобри моќта на реагирање и когнитивните способности. А ако го земеме предвид фактот што танцот е и основна природна потреба, јасно е дека не постои подобар начин да се расположите.

Значи, што чекате?! Пуштете музика и придвижете се!

Како дејствува на…

Срцето Движењата во ритамот на музиката се забавен вид вежбање, кој го забавува пулсот и го снижува крвниот притисок.

Стомакот Ако танцувате динамично, вашите стомачни мускули фантастично ќе се затегнат.

Нозете Многу видови танц вклучуваат скокови, што е одлично за зајакнување на мускулите на нозете. Освен тоа, страничното движење на телото, кое е исто така елемент на многу танци, ги зајакнува коските што се носители на тежината, и на тој начин се спречува појава на остеопороза.

Самодовербата Бидејќи спаѓа во социјално активности, танцот ги зајакнува самодовербата и чувството на блискост со другите луѓе, го подобрува расположението, а истовремено го намалува и стресот.

Рацете ОК, Мадона не ги обликуваше мускулите на рацете само благодарение на своето диско-минато. Сепак во многу танци рацете се активни и со тоа зајакнуваат.

Задникот Активностите во кои активно се согоруваат калории, како што се зумба и хипхоп, предизвикуваат интензивно потење и обезбедуваат долготрајна енергија. Тоа ќе ви помогне да ослабите и да ја задржите идеалната тежина.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.