Вежба со која ќе добиете рамен стомак за две недели

Во оваа вежба со дишење се активираат и се зајакнуваат најдлабоките стомачни мускули, објаснува Rich Sturla, личен тренер во британскиот центар за здрав живот Resulth Health & Performance.

Aко правилно ја работите оваа вежба, ќе го зајакнете цел среден дел од телото и кичмата што ќе ви ја отстрани болката од долниот дел од грбот и ќе ви го подобри држењето на телото. Ваквата техника на длабоко дишење и „вшмукување“ воздухот од стомакот дел е од пилатес и јога, но можете да ја работите и одвоено од тие вежби. А еве и како…

Штом ќе се разбудите (идеално би било на празен желудник и додека сте уште во кревет) легнете на грб со свиткани колена и стапалата ставени на душекот. Вдишете па длабоко издишете и вовлечете го стомакот толку силно како да папокот сакате да го „прилепите“ за кичмата. Што повеќе го вовлечете стомакот ќе биде јака концетрацијата и ефикасноста на ова движење.

Задржете го вовлечениот стомак 15 секунди за почеток, а како ќе напредувате продолжете го траењето на стисокот се до 60 секунди, зимајки кратки вдишувања по потреба. Повторете од 3 до 5 пати.

Кога сте спремни за потешка верзија „вшмукување“ на стомакот, работете ги вежбите клечејки на коленици и дланки седејки рамно на топка за пилатес.

По одредено време на вежбање, стомакот ќе можете да го држите стиснат додека седите или стоите преку целиот ден.
Доколку оваа вежба ја работите редовно, здраво се храните и го работите својот вообичаен тренинг резултатите ќе ги видите и почувствувате веќе за две недели, кажува Sturla.

Во видеото погледнете прецизно изведување на оваа едноставна и лесна вежба за рамен и цврст стомак…

фото: freepik

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.