Вежба од 3 минути: За затегнати бутови и тенки нозе!

Најважна е истрајноста!

Подгответе ги нозете за кратки здолништа и тесни панталончиња

Фитнес тренерите ширум светот се согласуваат за една работа: најважно е да се истрае во тренингот. Без разлика колку ви е напорно, мора да вежбате секој ден ако сакате да бидете здрави и вити.

Трејси Андерсон, најпознатата фитнес-инструкторка во Америка, ја открила совршената вежба што ги топи масните наслаги околу колената и колковите, правејќи ги нозете вити и цврсти.

Доволно е секој ден да се придржувате до овој план:

1. Место на тренингот е креветот.

2. Тренингот трае 3 минути.

3. Тренингот се прави или кога ќе се разбудите или кога ќе одите на спиење.

4. Мора да вежбате секој ден!

1. Зајакнете го предниот дел на бутовите

Легнете на грб, ставете ги рацете покрај телото. Подигнете ги двете нозе под прав агол, исправете ги колената што е можно повеќе. Така ќе ги „извлечете џебовите“ кајшто се наоѓаат масните наслаги. Потоа, свиткајте ги и вратете ги нозете во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати.

Ако почувствувате дека ви горат мускулите на внатрешната страна на бутовите, добро сте ги направиле вежбите.

Напомена: Кога ќе ги подигнете нозете, тие мора да бидат рамни како штица. Поентата е мускулите добро да се истегнат за да се стопат масните наслаги.

2. Затегнете го задниот дел од бутовите

Вежбата се состои од два дела. Прв дел: Легнете на грб, подигнете ги нозете и максимално повлечете ги ножните прсти кон таванот. Држете ги колената зближени, па потоа свиткајте ги нозете.

Напомена: Кога ќе ги свиткате нозете, стапалата треба да ви го допираат задникот. Повторете ја вежбата 10 пати.

Втор дел од вежбата: Легнете на грб, нозете се подигнати и малку подвиткани. Силно замавнете со нозете кон таванот, обидувајќи се да го подигнете задникот што е можно повеќе и да направите свеќа. Немојте да го придржувате задникот со раце. Рацете постојано се потпрени на кревет.

Повторете ја вежбата 20 пати.

Кога ќе завршите со вежбата, би требало да почувствувате блага напнатост во мускулите од долниот дел на грбот и во бедрата.

3. Истанчете го внатрешниот дел од бутовите

Оваа вежба ќе ви помогне да го истанчите горниот дел од нозете, внатрешниот дел на бутовите и задникот.

Легнете на грб и подигнете ги двете нозе. Овој пат вкрстете ги: десната нога преку левата. Истегнете ги двете нозе и зближете ги една до друга. Потоа заменете ги нозете, сега левата нека ви биде преку десната, но внимавајте нозете постојано да ви бидат затегнати и да вршат благ притисок една на друга.

Како да правите ножички во воздух.

Повторете ја вежбата 10 пати.

Придобивките од оваа вежба најмногу ќе ги почувствуваат тие кои се борат со проширени вени и отекување на нозете.

Како да се изборите со честото отекување на нозете?

Можеби звучи иронично, но што повеќе шетате толку помалку ќе ви отекуваат нозете. Исто така, многу е важно обувките да ви бидат удобни.

Многу е важно три пати неделно да пешачите од 30 до 60 минути. За да ви проструи крвта, прошетајте барем 10 минути на секои два часа.

Погледнете го видеото за да видите како точно да ги изведувате вежбите…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.