Тренирајте го телото за ПРОМЕНИТЕ НА ВРЕМЕТО

Фото: Pexels

Силните ненадејни промени во магнетното поле на Земјата, т.н. магнетните бури влијаат на влошување на здравјето на кардиоваскуларните пациенти, но може да предизвикаат одредена слабост и кај здравите луѓе.

Студената доба во годината е и време на зголемена геомагнетна активност, а тоа не влијае најдобро на нашето здравје. Според научниците, под влијание на магнетни бури, здравствената состојба на 10-15% од луѓето значително се менува. Магнетните бури се опасни првенствено за луѓето со хипертензија и срцеви заболувања.

Според статистичките податоци, околу 70% од случаите на миокарден инфаркт, хипертензивни кризи и мозочен удар се случуваат за време на магнетни бури. Затоа, кардиоваскуларните пациенти во вакви денови треба да обрнат посебно внимание на срцето и крвниот притисок.

Магнетните бури лошо влијаат и на луѓето што страдаат од болести на респираторниот и централниот нервен систем.

Приспособливоста на организмот на промени во биоритамот кај таквите пациенти е исклучително мала, а нивната состојба се влошува. Исто така, при магнетни бури се зголемува бројот на несреќи и повреди во сообраќајот, се зголемува бројот на предвремени породувања, токсикози, очни болести, се влошува состојбата на пациентите со ментални заболувања.

Дури кај и релативно здравите луѓе можат да се појават несоница, болки во зглобовите и главоболки.

Најдобар излез во случај на чувствителност на геомагнетни промени е зголемување на резервните сили на организмот. Физичката активност игра важна улога овде, затоа не треба да преседите болни на кауч!

Физичката активност, особено на отворено, во паузите помеѓу геофизичките промени ја зголемува отпорноста на организмот на дејството на негативните надворешни фактори: ги подобрува метаболизмот и циркулацијата на крвта, ги активира процесите на закрепнување, исхраната на клетките на организмот, го зајакнува нервниот систем.

Навечер е добро да се прават едноставни јога-вежби, кои ќе ви помогнат брзо и мирно да заспиете, како и да ги истегнете мускулите и да согорите неколку стотици вишок калории. Но овој комплекс може да се примени и за време на магнетни бури – во тој случај, додека вежбате, дишете побавно и помирно од вообичаено.

Од овие вежби ќе имаат корист и вашето здравје и вашата линија!

Комплексот на вежби против магнетните бури вклучува само три вежби. Без разлика во каква состојба сте, не е тешко да ги направите, но исклучително е важно да го следите вашето дишење – тоа игра главна улога!

Прва вежба
Почетна положба – стоечка, нозете се споени, рацете испружени пред телото во висина на рамената, дланките склопени, а прстите испружени напред. Раширете ги рацете настрана при издишувањето, вратете се во почетната положба при вдишувањето. Дишете мирно во ритамот на движење. Повторете ја вежбата 10-20 пати.

Втора вежба
Почетна положба – стоечка, нозете споени, дланките на градите, предната страна свртена нанадвор, прстите испреплетени, а лактите свртени настрана. Испружете ги рацете напред, вртејќи ги испреплетените дланки од надворешната страна навнатре – при вдишувањето, а потоа вратете се во почетната положба – при издишувањето. Повторете ја вежбата од три до пет пати.

Трета вежба
Почетна положба – стоечка, нозете споени, дланките на градите, предната страна свртена нанадвор, прстите испреплетени, лактите свртени настрана. Испружете ги рацете напред, вртејќи ги испреплетените дланки со предната страна навнатре под агол од 45 степени кон вратот (од еднаш до трипати), а потоа направете го истото тоа, но кревајќи ги рацете над главата (од еднаш до трипати). Вдишете додека ги пружате рацете, издишете додека се враќате во почетната позиција.

Повторете ги втората и третата вежба едноподруго шест пати (од три до пет пати втората, од еднаш до трипати третата – вкупно шест круга).

Текст: Руски доктор

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.