Трчање или одење: што е покорисно?

Тајната на ведриот дух е во ДВИЖЕЊЕТО!

Дали сакате да останете здрави и енергични што е можно подолго? Движете се!

Поради некоја причина, многумина веруваат дека одењето не е ефикасно за слабеење и затоа избираат трчање. Трчајте 20 минути и тоа е тоа – не трошете еден час на пешачење. Но одењето е покорисно за здравјето, а еве зошто.

Трчањето е интензивно оптоварување за срцето, кое ги „расипува“ зглобовите. Од таквиот „согорувач на маснотии“ страда ‘рбетот. А ако на ова оптоварување му додадете уште едно, во вид на вишок килограми – тоа е директен притисок на колената, колковите, глуждовите… На тој начин го забрзувате процесот на уништување на зглобовите.

Од друга страна, брзите чекори се безопасни за здравјето. За време на одењето, оптоварувањето на колената и на ‘рбетот е минимално. Покрај тоа, срцевиот мускул се тренира. Плус, кога човекот оди со брзо темпо еден час, во работата се вклучуваат масните клетки, кои ја даваат својата енергија.

Со сигурност можам да кажам дека помеѓу пешачење и трчање со цел да се ослаби, најдобро е брзото или нордиско одење. Најдобро е тоа да го правите на стадион, на земјени патеки и во удобни патики, а не во обувки со речиси рамен, тенок ѓон (на пр. еспадрили). Оптоварувањето треба да се зголемува постепено, а во случај на лошо субјективно чувство, треба да паузирате со него некое време.

Патем, треба да научите да одите правилно. Поточно, важно е да се обрне внимание на држењето на телото при одењето, како и на усогласувањето на работата на рацете и нозете. Правилната позиција го балансира оптоварувањето на целиот локомоторен систем и ја подобрува статиката на телото.

Организмот има потреба да се движи. Ако има недостиг од физичка активност, запираат крвта и лимфата, слабеат мускулите и тетивите, се зголемува тежината. Расположението се намалува… Во исто време, поради вишокот килограми, се зголемува и оптоварувањето на зглобовите.

* Правете утринска гимнастика. Десетминутен комплекс од неколку едноставни вежби ќе му даде на организмот резервна енергија за целиот ден.

* Корисно е да се прави гимнастика и во текот на работното време: направете од пет до десет наведнувања напред, потоа 20 на десната и левата страна и десет наназад. Потоа вдишете длабоко и клекнете неколкупати, обидувајќи се да го држите грбот исправено. Ако е можно, направете неколку вежби за стомакот: од лежечка положба, подигнете се во седечка, држејќи ги рацете зад главата.

* Шетајте повеќе. Особено навечер, пред спиење. Тоа смирува и релаксира, а придонесува и за добро варење. Притоа се обидувате да им дадете на мускулите барем малку работа: одете на места каде што има угорници и удолници. Тоа ги зајакнува мускулите на грбот и нозете.

* Засакајте ги скалите. Дури и 20-30 скали на ден ќе имаат позитивно влијание врз состојбата на организмот.

* Почесто фрлајте нешто. На пример, растурените кибритчиња не собирајте ги во еден обид. Наведнувајте се за секое посебно.

Во принцип, искористете ја секоја можност за движење – зајакнете ги мускулите и зглобовите!

Текст: интернистка Марина Александровна Нефедова и Ирина Головченко, инструкторка по лековита гимнастика за „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.