Телото во подобра форма и поздрав сон – сè за осум минути

ПРАВИЛОТО Е МОШНЕ ЕДНОСТАВНО: колку поредовно вежбате, подобро ќе спиете. Вежбите што се изведуваат со тежината на сопственото тело се ефикасни, без разлика дали сте на почетно или на напредно ниво.

За да ви биде поинтересен тренингот, вклучете и кардиотанц, а за поинтензивно обликување на мускулите додајте ги и движењата на лизгање.

Можете да користите лизгачки дискови на мазна подлога, на пример на паркет, а можете да употребите и обична крпа или чорапи. Нестабилноста при изведување на лизгачките движења ангажира помали групи на мускули, што ги прави вежбите за нијанса поинтензивни. Покрај тоа, сет тегови од 1 до 1,5 кг е сè што ви е потребно за овие енергични вежби, кои истовремено ги обликуваат и мускулите на задникот.

НАПРЕДНО НИВО: Со тегови за подобар сон

Замислете го сонот како мускул што можете да го зајакнете со текот на времето. Во една неодамнешна научна студија, истражувачите заклучија дека лицата што тренираат со тегови трипати неделно (тренинзи со низок, среден и висок интензитет, во траење од 30 до 90 минути) го подобриле квалитетот на сонот, вклучувајќи го и тоа колку брзо заспиваат. Анализата покажала дека почестите и поинтензивни тренинзи дефинитивно влијаат врз сонот.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.