Со години секое утро го започнува на овој начин: Затоа и во шестата деценија има неверојатна фигура!

Не е тешко да се биде фит

Секој од нас може да ги усвои овие правила

Поранешниот супермодел Ел Мекферсон неодамна ја споделила својата дневна рутина и открила на кој начин ја одржува витата фигура и младешкиот изглед.

Иако оваа година наполни 56 години, Ел не изгледа ни ден постаро од 30-годишничка. За одличниот изглед заслужни се следниве навики до кои со децении строго се придржува…

1. Задолжителна утринска рутина

Таа секое утро на празен стомак пие смути од зелен зеленчук. Сигурна е дека поради овој утрински ритуал се чувствува многу подобро, а со самото тоа и изгледа одлично. Оваа напивка ѝ помага да ги исфрли насобраните токсини од црниот дроб и бубрезите, но и го забрзува метаболизмот.

2. Дневно пие минимум 2 литри вода

Хидратацијата игра клучна улога во одржувањето на добриот изглед на телото, но и на лицето, па затоа Ел секој ден внесува најмалку 2 литри течности.

https://www.instagram.com/p/CCTUeYzhQCe/?utm_source=ig_embed

3. Органската храна има предност

Манекенката се обидува потполно да ја исфрли ГМО-храната. Сигурна е дека таа драстично го нарушува изгледот.

4. Едно кафе дневно

Како и многу од нас, Ел е љубител на кафе, но дневно пие само една шолја, бидејќи кофеинот може да ја наруши апсорпцијата на здравите хранливи состојки од храната.

5. Лошите масти ги заменила со добри

Не се сите масти лоши. Тие што се содржат во преработената и конзервирана храна се лоши, но Ел затоа ужива во придобивките од добрите масти кои се содржат во ленено семе, маслиново масло, рибино масло и авокадо.

6. Протеините се важни

Во нејзиното мени преовладува храна богата со протеини.

https://www.instagram.com/p/CDPN4_7hlyQ/?utm_source=ig_embed

7. Оди во вежбалница 4 пати неделно

„Физичката активност е многу важна на мои години, како за физичкиот изглед така и за здравјето. Најмногу уживам во кардиотренинзите.“

Таа советува да се тренира барем 4 пати неделно по половина час.

8. Редовно медитира

„Медитацијата ми помага да бидам смирена и порационално да донесувам одлуки, но и го подобрува расположението. Ако медитирате, нема да имате потреба да ја лечите тагата со слатки.“

Џенифер Гарнер има решение за целулит: Да знаев за овој трик претходно, никогаш немаше да го имам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.