Секој го споменува како најдобар начин за слабеење, но што всушност е кардио тренинг?

Кардио тренингот е најефективниот начин за отстранување на масните наслаги, постигнување и одржување на кондицијата.

Овие вежби се неопходни за секоја ефикасна програма за тренинг, бидејќи тие поттикнуваат горење на маснотии, но исто така се добри за целокупното здравје на организмот. Исто така, ако не сте вежбале долго време, и немате сила за други тренинзи, секогаш можете да го прилагодите кардио тренингот според вашите способности.

Кардио вклучува секаков вид на вежбање каде што срцето достигнува од 60 до 85 проценти од максималниот ритам на срцето.

Најчестите кардио вежби се одење, трчање, возење велосипед, пливање, трчање на трака, скали, скокање на јаже. Се разбира, можете да направите комбинација од овие активности, но важно е тренингот да трае од 30 до 60 минути.

Најдобро е да започнете со кардио тренинг наутро, и на тој начин ќе го охрабрите вашето тело брзо да согорува

калории во текот на денот. За утрински кардио тренинг важно е да имате низок интензитет.

Кардио вежбите го забрзуваат метаболизмот, ги зајакнуваат срцето и белите дробови и го намалуваат бројот на отчукувања на срцето во мирување. Кардио го зголемува протокот на крв во мозокот, што ја подобрува концентрацијата. Тие исто така придонесуваат за намалување на стресот и зајакнување на имунитетниот систем.

Погледнете видео кое ќе ви овозможи кардио тренинг дома.

Прочитајте и: Балистичко истегнување: Фокусирајте се на загревањето пред тренинг

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.