Само неколку месеци по породувањето изгледа одлично: Тајната на витата линија на Меган Маркл!

Таа е во топ-форма!

Getty Images

Без проблем си ја врати совршената линија, еве како

Холивуд им создава голем притисок на жените кои штотуку се породиле да се вратат во топ-форма за што е можно пократко време. Тој притисок е уште поголем кога се работи за јавни личности.

Токму затоа, не’ радува фактот што Меган не е строга кон себе и не брза да ги изгуби килограмите што ги добила за време на бременоста.

На овој начин таа им праќа јасна порака на сите дами кои штотуку станале мајки дека не треба да бидат премногу строги кон себе и дека се’ ќе си дојде на свое место.

Нејзината фитнес-рутина се сведува на умерено тренирање јога.

Иако добро се чувствува кога нејзината форма е на оптимално ниво, во овој момент нејзин приоритет е времето што го поминува со синот.

Нејзината фитнес-инструкторка открила дека покрај вежбањето јога, Меган многу пешачела.

„Практикува лесни вежби, без напорни тренинзи или дигање тегови. Таа не е опседната со губењето килограми. Ужива во овие моменти и во мајчинството.“

Да се надеваме дека новите мајки ќе го прифатат овој принцип и повеќе ќе уживаат, а помалку ќе мислат на тие неколку вишок килограми.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време