Само еднаш се раѓа ваква жена: Бети има совршени пропорции на телото – ѝ се восхитуваат и мажите и жените!

Здрав начин на живот

Дури и денес оваа жена изгледа фантастично

Бети Бросмер долго време важеше за идеал на убавината. Облините на нејзиното тело ги воодушевуваа мажите, но и жените. Интересно е што и денес Бети изгледа неверојатно добро, и покрај годините. Својот добар изглед во 85-та година, Бети му го должи на бодибилдингот со којшто активно се занимавала со години.

Бети е родена во Америка во 1935 година, а кариерата ја започнала на 13 години. Нејзиното прекрасно лице било објавено на насловната страница на еден популарен магазин. Нејзината фотографија ги заинтересирало рекламните агенции кои потпишувале договори со тинејџери. Овој договор се покажал како одличен за двете страни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty Brosmer (@bettybrosmerr)


Бети наскоро станала многу популарна, а агенцијата ѝ плаќала големи пари за секоја фотографија.

Кога пораснала, Бети имала совршени мерки на телото. Мерките на колковите, струкот и градите изнесувале 96-53-91. Овие исклучителни мерки се сметаат за идеални.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty Brosmer (@bettybrosmerr)


Кога се омажила за основачот на бодибилдинг Џо Видер, Бети почнала да се занимава со бодибилдинг. Промовирала мускулесто и здраво женско тело. Активно се занимавала со бодибилдинг. Бети со сопругот дури и напишала книга на тема здрав живот и вежбање.

Се шушкало дека подоцна Бети го насочила своето внимание на младиот Арнолд Шварценегер, помагајќи му да стане популарен.

Ја обожавале сите бодибилдери ширум светот, а долго била една од најпознатите женски бодибилдерки на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty Brosmer (@bettybrosmerr)


Бети и денес, на 85 години, изгледа фантастично и тоа благодарение на спортот, здравата исхрана и бодибилдингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty Brosmer (@bettybrosmerr)

Алесандра Амбросио ја покажа својата секојдневна фитнес-рутина
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време