Руски физиотерапевт открил: Само оваа вежба може брзо да ви ги стопи килограмите!

Наша препорака!

Време е да направите нешто добро за себе: почнете да вежбате уште денес

Доктор Петар Александровиќ Попов е руски физиотерапевт кој успеал да ја излекува половината по операција. Тој е поранешен гимнастичар, психотерапевт и застапник на ориентална медицина, па многу е популарен во Русија.

Неговиот начин на вежбање му помогнал на професионалниот возач Олег Кеселман по повредата и операцијата на стапалата да им се врати на натпреварите за само 10 дена.

Овој пат, доктор Попов предлага една сосема едноставна вежба што ќе ви помогне брзо да ги согорите калориите.

Вежба за брзо топење килограми

Доктор Попов ја смислил вежбата со трчање на столица која ќе ви се чини чудна, но верувајте ни дека е ефективна.

Овој начин на трчање на висока столица е исклучително напорен тренинг, бидејќи покрај тоа што трчате мора и да држите рамнотежа, инаку ќе паднете од столицата. По неколку минути трчање, ќе се чувствувате како да сте истрчале километри.

Придобивки од оваа вежба:

1. Погодна е за сите оние кои страдаат од проширени вени.

2. Развива чувство за рамнотежа.

3. Понапорна е од која било друга вежба, бидејќи балансирате и трчате, па затоа и ги топите килограмите.

4. Ќе чувствувате забрзан проток на крвта во нозете и грбот, а сите мускули на телото ќе се активираат.

5. Бидејќи станува збор за лесно џогирање, не може да ги повредите зглобовите.

6. Помага за правилна функција на внатрешните органи.

7. Го поттикнува метаболизмот.

8. Го подобрува држењето на телото. По неколку дена, половината ќе ви биде исправена, а болките ќе се намалат.

Советот на доктор Попов е да не се форсирате и да ја правите оваа вежба полека. Прво, по неколку минути дневно додека не стекнете кондиција, а потоа вежбајте најмногу 20 минути дневно.

Првите денови качете се на мало столче, а подоцна може да вежбате и на повисока столица за да балансирате подобро.

Грижете се за себе и вежбајте. Ако не ви одговара оваа вежба, најдете некоја што ќе му годи на вашето тело. Седењето е нешто што најмногу му наштетува на телото и мозокот!

Погледнете го видеото за да видите како правилно да ја изведувате оваа вежба

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време