Руска убавица со најдолгите нозе во Сибир: Жена од гума – нема да ви се верува што сè може да направи! (ВИДЕО)
Во здраво тело, здрав дух
Ана тврди дека истегнувањето е клучно, бидејќи нема ограничувања. Секој може да го прави, не ги оптоварува вашите зглобови, ја подобрува циркулацијата на крвта, спречува повреди и носи емоционална благосостојба
Денес здравиот живот станува норма, па спортувањето не мора да биде здодевно, ниту вообичаено или неинтересно. Доказ за тоа е Ана Давидова, првенка на Сибир во ритмичка гимнастика и основачка на студија за истегнување во Иркутск.
Таа во својата студија нуди четири видови тренинг, а отворила и простор за масажа и релаксација.
View this post on Instagram
Ана тврди дека истегнувањето е клучно, бидејќи нема ограничувања. Секој може да го прави, не ги оптоварува вашите зглобови, ја подобрува циркулацијата на крвта, спречува повреди и носи емоционална благосостојба.
Тврди дека вежбите за истегнување и тренинзите помагаат и во случаи на психички блокади. Не станува збор само за физичките придобивки што можете да ги добиете од практикувањето на вежбите што Ана ги предава, туку со помош на длабокото истегнување, можете да ја подобрите и психичката состојба.
View this post on Instagram
„Преку телото комуницираме со својата душа. Со вежбањето на мускулите и лигаментите, се ослободуваме од емоционалниот стрес. Понекогаш, кога нешто ме нервира, го исклучувам телефонот, пуштам тивка музика, се протегнувам, се опуштам, додека стане полесно. Потоа, веќе можам да донесам некаква соодветна одлука“, објаснува Ана.
View this post on Instagram
Истакнува дека за тренерите на овој вид спорт исклучително важно е да знаат коректно да комуницираат и да ја познаваат техниката на изведување на вежбите. А клучно е, како што вели, емоционално и психички да се работи со учениците.
View this post on Instagram
Тренерите мора да бидат и суперпрофесионалци кои мораат да разбираат сè што се однесува до истегнувањето. А важно е и да се спортисти, според неа.
View this post on Instagram
За истегнување не е потребно ништо посебно, се користат простирки и перници. Учениците мора да бидат активни и енергични.
View this post on Instagram
Исполнетиот, здравиот начин на живот подразбира занимавање со активност која не само што ќе ви помогне да го затегнете телото, туку ќе ви помогне и да ги доведете вашите мисли во ред. Доказ за тоа дека спортот може да биде кул, едноставен и дел од брзиот начин на живот е токму оваа убавица!