Реквизит што ќе го сакате: КАКО СЕ КОРИСТИ ПРСТЕНОТ ЗА ПИЛАТЕС

Фото: Getty Images

Не само што ни овозможуваат поефикасно да изведуваме одредени вежби, фитнес-реквизитите можат да ни го разубават тренингот. Еве за што служи и како се користи прстенот за пилатес.

Многумина од луѓето што тренираат сонуваат да ја опремат својата „домашна вежбалница“ со реквизити, но некои од нив се прескапи, а за други сметаме дека се далеку над нашата фитнес-лига. За разлика од теговите, на пример, пилатес-прстенот изгледа многу… лесен.

Но не дозволувајте да ве излаже. И овој релативно евтин реквизит може да го направи вашиот тренинг суперефикасен.

ПОИНТЕНЗИВЕН ТРЕНИНГ

Пилатес-прстенот можеби ви изгледа како предизвик што лесно се совладува, но верувајте дека ќе имате воспаление на мускулите ако го користите правилно. Во вежбите дава дополнителен отпор, што значи дека може да се користи како отпор при изведување вежби за снагата.

Фото: Getty Images

ИДЕАЛЕН ЗА МУСКУЛИТЕ НА РАЦЕТЕ

Прстенот за пилатес не е реквизит што пасивно се држи во рацете, туку се притиска, а тоа значи дека интензивно ќе ги активираме мускулите на рацете.

ГИ ЗАТЕГА БУТОВИТЕ

Користете го во сите варијации на мост, така што прстенот за пилатес ќе го сместите меѓу бутовите, настојувајќи да го стегате. И наједноставната вежба на овој начин станува предизвик.

ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА РАМНОТЕЖАТА

Ако се користи во стоечките вежби, како исчекор, истовремено може да влијае на зајакнување на мускулите и на развој на рамнотежата.

ПОМАГА ДА СЕ КОНЦЕНТРИРАМЕ НА ДИШЕЊЕТО

Пилатесот нè учи дека е важно да ги поврземе движењето и здивот, а прстенот може да ни помогне во тоа доколку секое вдишување и издишување ги усогласиме со затегање и опуштање на прстенот.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време