Правете ја оваа едноставна вежба секој ден: За 2 недели салото од бутовите и целулитот целосно ќе исчезнат! (ВИДЕО)

Видливи резултати

Многу ефикасна вежба што целосно ќе го трансформира изгледот на вашите нозе

Статичната вежба „столче“ ќе ви помогне да го обликувате задникот и да ги затегнете нозете за прилично краток временски период. Мускулите зајакнуваат, а оптоварувањето на зглобовите и долниот дел на грбот е минимално. Можете да го намалите обемот на бутовите со само една положба, а доказ за тоа е оваа вежба.

Експертите велат дека е одлична за оние што имаат малку вишок килограми и кои сакаат мускулите да им изгледаат затегнато и вретенесто.

Еве како дејствува оваа вежба:
  • Бутовите, задникот и листовите се затегнати.
  • Поради подобрената циркулација, целулитот се намалува.
  • Се подобрува држењето.
  • Издржливоста на телото станува подобра.
  • Се зајакнуваат зглобовите на колената.
  • Подобра рамнотежа, концентрација и издржливост.

Оваа вежба се препорачува и за лица со рамни стапала.

Едноставна, но многу ефективна, бидејќи го активира секој мускул на нозете, но и на задникот. Кога ќе ја заземете оваа положба, останете така 10 секунди, па исправете се. Повторете го ова 10 пати.

Според искуствата на тренерите, првите резултати би требало да ги забележите за две недели. Кога ќе бидете задоволни од резултатите, воведете уште неколку вежби наменети за мускулите на нозете.

Тренерите препорачуваат да правите 3 до 5 серии со по 10 повторувања секој ден.

Во видеото погледнете како се изведува оваа вежба…

 

По секој тренинг многу е важно да правите и вежби за истегнување!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.