Петминутна вежба за зајакнување на задникот и отстранување на масните наслаги од вашето тело

Сквотовите се неопходен дел од тренинзите и фитнес рутините за да се постигнат посилни нозе и задник.

Но, ако сакате да додадете допир на полиметрија и кардио на оваа класична вежба, обичен скок ќе биде доволен. Скокањето е вежба која е добра не само за зајакнување на мускулите на нозете и задникот, туку и за стомачните мускули и исфрлање на маснотиите од долниот дел на телото.

Ако се изврши правилно, оваа вежба ќе го зајакне вашето тело, ќе ви помогне да ги отстраните масните наслаги и да ја зголемите вашата сила и рамнотежа. Она што ја прави оваа вежба уште подобра е фактот дека можете да ја изведувате како дел од различни видови тренинг или самостојно и да ја правите само пет минути на ден за да видите резултати.

Застанете со нозете раширени во ширина на рамената, рацете настрана, градите исправени, рамената назад, подигнете ја брадата и гледајте напред.

  • Свиткајте ги колената и клекнете така што бутовите и задникот ќе бидат паралелни со подот. Колената не треба да ја преминуваат линијата на прстите. Наведнете ги градите напред за да спречите виткање или повреда на долниот дел на грбот.
  • Додека клекнувате, држете ги дланките скоро заедно и рацете свиткани до лактите.
  • Кога ќе станете, турнете го телото нагоре и скокајте. Замавте ги рацете за да ја зголемите силата.
  • Направете три сета од по 10 повторувања.

Прочитајте и: Фитнес совети: Дали треба да вежбате кардио пред или по кревање тегови?

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време