Оваа кратка вежба можете да ја направите дома, а таа ќе ви донесе резултати како одење во теретана

Истражување открива

Брз начин на живот и голем број обврски обично резултираат со премалку време за нас самите, а тука спаѓа и времето за физичка активност.

Недостаток на време, пари, опрема или искуство се најчестите причини за прескокнување тренинг. Но, што ако ви кажеме дека постои вежба што секој може да ја направи и да одвои помалку од 10 минути на ден за неа? Научните истражувања покажаа дека интензивното качување по скали ги носи истите резултати како и редовните посети на теретана или групни вежби.

Здрави, но физички неактивни жени беа вклучени во студијата. Првата група направи неколку серии качување по скали 20 секунди, а втората група направи неколку серии качување по скали 60 секунди. Вклучувајќи кратки загревања и истегнување, вежбите траеја помалку од десет минути и вкупно околу триесет минути неделно.

Иако на многумина ова им звучи премногу добро за да биде вистина, науката вели поинаку. Тајната е дека качувањето и спуштањето по скалите е вид на нтервален тренинг со висок интензитет т.н. HIIT. Затоа, ако немате доволно време, пари или опрема, можете да започнете со оваа вежба, а сè што ви треба се скали.

Прочитајте и: Ефективни вежби кои даваат резултати, а може да се изведуваат и дома

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.